Лени Кравиц ја прими наградата „Модна икона“ од американските дизајнери

Лени Кравиц ја прими наградата „Модна икона“ од американските дизајнери

пред 2 години

Поп-ѕвездата Лени Кравиц на гала-свеченост во „Каза Кипријани“ вчеравечер во Њујорк ја прими наградата „Модна икона“, што ја доделува Советот на американските дизајнери, на чело со Том Форд. Лени наградата ја прими облечен во брендот LaQuan Smith. Има неколку модерни аватари во музичката индустрија достојни на луксузниот бренд, а Кравиц е секако меѓу нив. Најголемиот заводник во Холивуд и на 60 години носи прилепени фармерки и изгледа одлично.

dobivaj vesti na viber

Наградите CFDA им оддаваат чест на врвните дизајнери и фигури во американската модна индустрија. Домаќин на годинешните награди одржани во Њујорк беше Наташа Лион.

Share
Scroll to Top