Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо во потрага е по место каде ќе може да го отвори неговиот прв ресторан за хамбургери со зеленчук во Њујорк. Тој пред неколку месеци ја најави својата инвестиција во лабораториски одгледувано месо, во новоформираните компании „Алеф фармс“ и „Моса Мит“.
Неат Бургер е вегански синџир за брза храна чиј ко основач е ѕвездата на Формула 1 Луси Хамилтон, а Ди Каприо ја има улогата на консултант. Посветеноста на актерот во борбата против климатските промени зема замав и моментално работи на создавање одржлива алтернатива за брза храна. Неат Бургер моментално има осум ресторани во Лондон, а неодамна најави отворање на првите простории во Њујорк.
Специјалитетите на овој синџир за исхрана вклучуваат вегански хамбургер, рибини филети, пилешки медалјони, смути и друга брза храна, со почитување на животната средина.
„Нарушувањето на постоечкиот систем на исхрана со одржливи алтернативи е еден од клучните начини на кои можеме да направиме разлика во намалувањето на глобалните емисии“, рече Ди Каприо.