И покрај предвидувањата дека пејачката и актерка Лејди Гага ќе биде номинирана за најдобра актерка на претстојните Оскари, таа остана без номинација.
По премиерата на „Куќата на Гучи“, во која Гага ја игра главната улога – Патриција Реџиани , вдовицата на сопственикот на модната империја Гучи, обожавателите и критичарите предвидуваа дека пејачката и актерката ќе бидат номинирани за најдобра актерка.
Конечната листа на сите номинирани за Оскар е објавена, а може да се каже дека најголемото изненадување е што Лејди Гага отпадна од листата на најдобри актерки. Оскарите наместо неа, ги „бркаат“ Хавиер Бардем, Пенелопе Круз, Никол Кидман, Кирстен Данст, Стивен Спилберг и други ѕвезди.
Сепак, не излезе така. Во 2019 година, Гага беше номинирана за Оскар во две категории – за најдобра женска улога во филмот „Ѕвездата е родена“ и за најдобра кантавторка за оригиналната песна од истиот филм „Shallow“. Таа година Гага со себе го зеде Оскарот за најдобра песна.