Лидија, Кокев и Ношпал-неповторлива тројка на македонската мода

Лидија, Кокев и Ношпал-неповторлива тројка на македонската мода

пред 1 година

Модните дизајнери Лидија Герогиева, Тања Кокев и Александар Ношпал, на заедничка фотографија, беа доволна причина за приказна, кога е во прашање македонската мода. Сите тројца подеднакво заслужни кога се во прашање модните парчиња, зад себе имаат еден куп колеции, модни креации и секој со својот печат како дизјанер.

Македонската модна дизајнерка, Тања Кокев, 17 години успешно ја гради својата модна приказна промоворајќи ја македонската мода. Од јавни личности до политичарки, но и сосема обични дами ги носат нејзините креации. Нејините креации стигнаа и во Холивуд кога тимот на „Медена земја“ отиде по „Оскарите“ .

Александар Ношпал, е еден од нашите врвни дизајнери и костимографи. Покрај своите колекции, тој  дизајнираше костими за славниот театар „Бољшој“ во Москва.

“Ја сакам костимографијата затоа што е најблиску до високата мода. За жал високата мода веќе одамна е во изумирање“, ни откри Ношпал во едно интревју кога по  15 години се врати на модната сцена.

Модната креаторка Лидија Георгиева е единствената Македонка која учествуваше на ревијата „Јованка во боја“, посветена на Јованка Броз. Со уште дваесет дизајнери од регионот, претставија колекција од модерни и впечатливи парчиња облека и покажаа како би ја облекле денес сопругата на Маршалот.

Во модата е одамна. Дваесет години живеела во Париз, а таму завршила и факултет за мода и дизајн. Често за ревии ги облекувала и најпознатите топ-модели од ’90-тите, па дури и Мадона, која купила нејзина креација.

Алкесандра Георгиев

 

Share
Scroll to Top