Лори Лохлин ќе мине две недели во самица

Лори Лохлин ќе мине две недели во самица

пред 4 години

Актерката Лори Лохлин ќе мора две недели да помине во самица, пренесуваат американските медиуми. Ѕвездата од „Полна куќа“ на крајот на ноември почна да ја служи затворската казна, поради давање мито. Таа со сопругот ѝ помогнале на ќерка ѝ да се запише на факултет.

Медиумите пренесуваат дека иако таа цело време на судењето била храбра, сега е исплашена. Новите информации кои стигнуваат од САД говорат дека таа ќе мора да помине две недели во самица.

Актерката својата казна ја отслужува во Федералната поправна установа во Дублин во Калифорнија, во истиот сојузен затвор во кој се наоѓа и ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“, Фелисити Хофман, која, пак, минатиот ноември отслужи 11 дена казна.

Казната од две недели поминати во самица е нужна, поради карантинот кој е последица на пандемијата на коронавирус, нешто од што Лохлин е смртно исплашена, пренесуваат медиумите.

Иако работите се одвиваат во најдобар ред, без никакви проблеми, таа се плаши дека нешто може да тргне на лошо и дека казната ќе ѝ биде зголемена.

„Донесов страшна одлука. Посакав ќерка ми на неправеден начин се запише на факултет“, изјави актерката во нејзиното сведочење пред судот во август, со што си обезбеди помала казна.

Додека тие 14 дена ќе ги мине сама во изолација, нејзиниот сопруг по тој рок ќе почне да ја служи својата казна. Тој за разлика од неа, добил пет месеци затворска казна, што значи и божиќните празници ќе ги мине зад решетки.

Иако не можела да избегне да не отиде во затвор, многумина веруваат дека Лохлин добила минимална казна. Истата стигна откако актерката не успеа да убеди никого во судот дека донацијата која ја дале со сопругот за Универзитетот не претставува мито, со чија помош нивната ќерка се запишала на посакуваниот колеџ на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Иако не можеше да избегне средба со затворот, за неа, како што многумина веруваат, беше изречена навистина минимална казна. Таквата казна уследи откако обвинетата двојка не успеа да убеди никого на суд дека нивната „донација“ за универзитетот всушност не е обично мито, со чија помош ќерките се запишаа на посакуваниот колеџ на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Share
Scroll to Top