Лотар Матеус по 36 години го врати дресот што Марадона му го даде во финалето на СП во Мексико

Лотар Матеус по 36 години го врати дресот што Марадона му го даде во финалето на СП во Мексико

пред 2 години

Дресот што Диего Армандо Марадона го носеше пред 36 години во финалето на Светското првенство во Мексико е повторно во Аргентина, откако Лотар Матеус го врати на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА). Поранешниот германски репрезентативец, кој на полувремето од тоа финале ги смени дресовите со Марадона, рекол дека го враќа дресот за да го подари на аргентинскиот народ, пренесуваат локалните медиуми.

Дресот, пак, што Марадона го носеше на четвртфиналниот натпревар против Англија, кога го постигна познатиот гол „Божја рака“, беше продаден на почетокот на годинава за рекордни 7,1 милиони долари. Тој дрес беше ставен на аукција од поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ.

И покрај огромната цена што ја постигна тој дрес, Матеус за „Дејли меил“ изјави дека никогаш не помислил да го продаде и да заработи од дресот на Марадона од финалето.

„Диего е бог во Аргентина, па затоа е посебно чувство да им се подари дресот на луѓето“, рече Матеус на церемонијата во аргентинската амбасада во Мадрид.

„Ова е приказна за германски капитен кој за пријател имал капитен на Аргентина. И како и сите пријатели си го размениле најдоброто што го имале, прегратка, совет и дрес“, стои во видеото што го објави АФА.

За потсетување, во финалето на СП во Мексико, Аргентина ја победи Германија 3:2.

Share
Scroll to Top