Магазинот „Тајм“ го избра Илон Маск за личност на 2021 година

пред 3 години

Извршниот директор на „Тесла” и „Спејс икс” Илон Маск е избран за личност на годината од страна на магазинот „Тајм” за 2021 година. Според магазинот, милијардерот оставил голема трага врз нашата планета, па можно е истото да го направи и на Марс.

„Тајм“ секоја година избира личност на годината на крајот на календарската година, врз основа на влијанието што таа личност го имала врз вестите во текот на претходната година. Не е секогаш нужно да се работи за награда или почест.

Во септември оваа година, „Спејс Икс“ влезе во историјата откако ја изврши првата мисија во вселената со екипаж составен од цивили, меѓу кои и и лице кое преживеало рак во детството. Во април учествуваше во „трката на милијардерите во светот“, по што НАСА ја избра оваа компанија да го изгради лунарниот лендер од следната генерација. Тој победи двајца противкандидати и доби договор вреден три милијарди долари.

Минатата година овој престижен магазин ги избра американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис за личности на годината.

Share
Scroll to Top