Поп-пејачката Мадона во моментов престојува на Сицилија, Италија, заедно со нејзиниот син Роко Ричи, каде ги прославија своите родендени кои се само неколку дена разлика.
Мадона сподели фотографии од нивната роденденска вечера со италијанска музика, декорирана маса поставена во дворот на изнајмената куќа на Сицилија. Пејачката сподели и видео од нивното патување на кое се гледа како уживаат во заедничките моменти.
Роденденот на Роко е на 11 август, а на Мадона денес, 16 август. Славниот син на Мадона наполни 22 години, а Мадона 64. Заедно со Роко се и неговата постара сестра Лурд Леон и посвоените деца на Мадона, Дејвид Банда, Мерси и близнаците Естер и Стела.
Роко е син на Мадона и англискиот филмски режисер Гај Ричи. Тој имал осум години кога решиле да го прекинат бракот и морал да патува на релација Њујорк и Лондон за да помине време со нив. Тој одеше со неговата мајка на турнеите, па дури и танцуваше на сцената, но во 2015 година изгуби интерес.
Набргу потоа дојде јавната битка за старателство помеѓу Мадона и Гај. Откако работата се реши приватно, Роко остана со неговиот татко во Лондон.