Маж го тужи Илон Маск и му бара 258 милијарди долари за рекетирање со криптовалути

Маж го тужи Илон Маск и му бара 258 милијарди долари за рекетирање со криптовалути

пред 3 години

Илон Маск и неговите компании „Спејс Икс“ и „Тесла“, се тужени за 258 милијарди долари за наводно рекетирање со криптовалути. Кит Џонсон е човекот кој ги тужел, тврдејќи дека Маск е тој кој рекетирал и на тој начин ја подигнал вредноста на криптовалутата „џокоин“.

dobivaj vesti na viber

Џонсон е американски државјанин на кој Маск со крипто пирамидалната шема му ги украл парите. Тој го тужел него и неговите компании тврдејќи дека тие претставувале нелегално рекетарско претпријатие за надавање на цената на џокоинот.

„Обвинетиот лажно и измамнички тврди дека џокоинот е легитимна инвестиција која нема никаква вредност“, рече Џонсон во тужбата, која ја поднел во четвртокот во федералниот суд во Менхетен.

Џонсон тврди дека ги претставува луѓето кои ги изгубиле парите во тргувањето со џокоин од април 2019 година и бара 86 милијарди долари отштета, плус трикратна отштета од 172 милијарди долари, како и да му се забрани на Маск и неговите компании да го промовираат џокоинот.

Покрај тоа, тој сака трговијата со криптовалутата да се смета како коцкање според закините на САД и Њујорк.

Џокоинот во четвртокот се тргуваше за околу 5 центи и падна за околу 67% оваа година. Минатата година порасна на дури 74 центи пред вртоглаво падне. Маск е еден од најгласните приврзаници кога станува збор за оваа криптовалута.

Тој често на „Твитер“ ги споменува, а во еден момент рече дека и неговата компанија ќе прифати плаќање во доцкоин. Тој ја промовираше оваа криптовалута и за време на неговото гостување во емисијата Saturday Night Live.

 

Share
Scroll to Top