Маж им помагал на патки да го поминат патот, налетал автомобил и го усмртил

Маж им помагал на патки да го поминат патот, налетал автомобил и го усмртил

пред 1 година






Маж од Калифорнија загинал откако го удрил автомобил, а непосредно пред несреќата му помогнал на семејство патки да го преминат патот, пренесе Си-Ен-Ен.

Кејси Ривара (41) го напуштил своето возило и им помогнал на патките да го преминат патот пред да го удри тинејџер возач во Роклин, околу 25 милји североисточно од Сакраменто, соопшти полицијата. Еден сведок, Самер Петерсон, изјави за локалната соработничка на CBS News дека нејзините деца биле сведоци на несреќата.

„Тие рекоа: Тоа е толку слатко. Тоа е толку убаво од него. А потоа одеднаш го удри автомобил“, раскажува таа што се случило.






Share
Scroll to Top