Македонската репрезентација во кантер страјк ја одбрани титулата европски шампион во Counter Strike: Global Offensive (CS:GO), откако ја победи Украина со 2 наспроти 1 во мапи. Македонската репрезентација, односно тимот BLUEJAYS го освои првенството откако победи на решавачката мапа Vertigo 16 : 13.
Македонија изгуби на првата мапа, Dust2 5 : 16, а потоа победи на мапата Mirage со резултат 16 : 5.
Репрезентацијата освои 10.000 долари на Европското првенство кое претходните неколку денови го организираше Европската еспорт федерација во романскиот град Орадеа. Претходно, Македонија се натпреваруваше со четири репрезентации, односно против Луксембург, Шведска, Шпанија и Србија, и победи против сите. На европското првенство во Орадеа се натпреваруваа 16 тимови, а целокупниот награден фонд беше 25.000 долари.