Македонските ракометари со победа ги завршија квалификациите за пласман на ЕП 2022 година, откако во Скопје ја совладаа Швајцарија со 29-28. Ова е најдобриот пласман во квалификациите на репрезентацијата, откако ракометарите остварија пет победи и имаа само еден пораз во шест натпревари, а го освоија второто место во групата.
Иако македонските ракометари губеа во поголемиот дел од првото полувреме, на пауза заминаа со резултат 16-16. Во 40. минута Македонија поведе 19-18 и оттогаш Швајцарците не го израмнија резултатот.
Голманот Митревски имаше со 16 одбрани. Најефикасно ракометари беа Лазаров и Кузмановски со по шест гола, а четири гола даде Георгиевски.