Македонската кугларска репрезентација со подготовки во Битола за настап на светското првенство

Македонската кугларска репрезентација со подготовки во Битола за настап на светското првенство

пред 9 часа

Во кугланата во спортската сала „Боро Чурлевски“ Битола, машката сениорска кугларска репрезентација ќе ги прави подготовките за Светското поединечно првенство во Швац, Австрија кое ќе се одржи од 30 мај до 6 јуни оваа година.

Кугларската федерација на Република Македонија одлучи и побара од општината тренинзите да бидат во Битола, со оглед на како што велат, најдобрите услови во куглањето ги има новата куглана во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Тренинзите ќе бидат од 27 април до 27 мај.

Инаку кугланата во Битола има лиценца и за одржување на меѓународни натпревари.

Ова е уште една потврда за Општина Битола дека вложувањето во спортската инфраструктура дава резултати.

Share
Scroll to Top