Македонскиот филм „Бизнисот на задоволството“ прогласен за најдобар филм на фестивалот во Панама

Македонскиот филм „Бизнисот на задоволството“ прогласен за најдобар филм на фестивалот во Панама

пред 1 година

Македонскиот филм „Бизнисот на задоволството“, во режија на Гоце Цветановски, е прогласен за најдобар долгометражен филм на меѓународниот филмски фестивал Канал де Панама.

Филмот се одржуваше од 13 до 16 август во главниот град Панама. Ова беше осмо издание на филмскиот фестивал.

Наградата на меѓународниот фестивал во Панама е втора награда за дебитанскиот игран филм на Гоце Цветновски. Премиерата на филмот беше во Софија на фестивалот „Во палатата“, каде беше прогласен за најдобар филм.

„Бизнисот на задоволството“ пред македонската публика премиено беше прикажан за затворањето на „Синедејс“ во апркот зад МКЦ.

„Бизнисот на задоволството“ е еден од првите македонски филмови кој се снимаше додека на сила беа строгите ковид мерки. Приказната следи новинарка која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа на трговија со жени.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото.

Share
Scroll to Top