Македонските кандидати растураат во Гранд, по шест гласа за Омар и Драгана од жирито

Македонските кандидати растураат во Гранд, по шест гласа за Омар и Драгана од жирито

пред 3 години

Македонските пејачи Омар Џафероски и Драгана Костова беа одлични во новата епизода од „Ѕвездите на Гранд“ и освоија по шест гласа, со што директно се пласираа во третиот круг.

Емисијата што се прикажуваше викендот почна со настапот на Омар, кој ги испеа „Погледи у тами“ и „Лагала нас мала“. Жирито го пофали неговото пеење и му посака да продолжи така и понатаму.

„Заслужени шест гласа“, рече Ана; „Беше одличен“, додаде Марија. Задоволен од настапот на Омар беше и Ѓорѓе Давид, кој е ментор на Омар.

Слични коментари доби и Драгана Костова, чиј ментор е Марија Шерифовиќ. Таа ги испеа „Хајде онда ништа“ и „Моли, моли“ и доби шест гласа од жирито.

„Марија знае дека ова не беше за шест гласа, но ова е втор круг. Имаше многу проблеми во втората песна. Видов дека имаш пет гласа, па не сакав да ти ја расипам среќата, но внимавај со изборот на песни“, ѝ рече Бекута.

Драгана доби пофалби и од Цеца и од Ѓорѓе Давид. „Таа е одличен кандидат и мислам дека нема да имаш проблеми да работиш со неа во иднина“, додаде Давид.

Настапот на Омар почнува на 4:50, a настапот на Драгана на 20:48.

Share
Scroll to Top