Малдини сака да го донесе Серхио Рамос во Милан

Малдини сака да го донесе Серхио Рамос во Милан

пред 3 години

Италијанските медиуми пишуваат дека Милан почнал преговори со ПСЖ за да го ангажира Серхио Рамос. Италијанскиот прволигаш е во потрага по дефанзивен играч откако се повредија Кјаер и Томори, па Паоло Малдини веќе разговарал со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.

Серхио Рамос лани летото се пресели во ПСЖ како слободен играч, но пропушти поголем дел од сезоната поради повреда. Шпанецот ретко добива шанса да заигра, па Милан сака да го донесе на позајмица до крајот на сезоната.

ПСЖ е спремен да го пушти, но сега се очекува одговор од Рамос. Тој наводно не сака да се пресели во Милано само на позајмица туку да направи траен трансфер во тимот.

Share
Scroll to Top