Секојдневните избори што ги правиме во врска со исхраната, вежбањето, спиењето и управувањето со стресот имаат големо влијание врз тоа како старееме, според нова студија на 53 експерти, вклучувајќи лекари, диететичари и фармацевти.
Пораката на експертите е јасна: Фокусирајте се на основите. Давањето приоритет на дневната физичка активност и здравата исхрана е најдобриот начин да се обезбеди здраво стареење, рече Шанли Чиен, виш уредник за здравје во US News.
Чиeн додава дека не треба да го менувате вашиот живот преку ноќ; малите, секојдневни навики можат да имаат моќно влијание врз долговечноста.
Пушење
Оваа навика ги оштетува клетките, го ослабува имунолошкиот систем и го зголемува ризикот од рак на белите дробови, срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес тип 2 и други хронични заболувања.
Седечки начин на живот
Повеќе од половина од експертите (57%) сметаат дека неактивноста е најголемиот непријател на долговечноста.
Седечкиот начин на живот е поврзан со воспаление и губење на мускулна маса.
Лоша исхрана
Експертите ја рангираат лошата исхрана на трето место (30%). Исхраната богата со преработена храна, како што се чипс, хот-дог и газирани пијалоци, е поврзана со дебелина, дијабетес, некои видови рак и проблеми со менталното здравје како депресија и анксиозност.
Недостаток на сон
Недостатокот на сон негативно влијае на функцијата на мозокот – вклучувајќи ја поправката на клетките, складирањето на меморијата и отстранувањето на токсините. Експертите препорачуваат возрасните да спијат од 7 до 9 часа секоја ноќ.





