Марија Шерифовиќ се повлече од јавноста, донесе нова одлука: „Следува ново поглавје“

Марија Шерифовиќ се повлече од јавноста, донесе нова одлука: „Следува ново поглавје“

пред 2 часа

Марија Шерифовиќ беше активна на социјалните мрежи и честопати споделуваше прекрасни моменти со својот син, но по смртта на нејзиниот татко, таа се повлече.

По загубата на својот татко, Рајко Шерифовиќ, пејачката Марија Шерифовиќ се повлече од јавноста. Сепак, таа одлучи да им се обрати на своите следбеници и да ја сподели својата тага со нив.

Во емотивно обраќање, Марија истакна дека ја очекува период, за кој се надева дека ќе биде пошарен, повесел и исполнет со љубов.

„Знаете зошто не сум тука веќе некое време. Ова е животот, и секој од нас сака, страда и се сеќава на различен начин. Оваа скорпија мораше малку да се затвори, за да ги спакува сите овие емоции на вистински начин и да се врати на начинот на кој мојот татко ме сакаше најмногу, и најдоброто од мене. Следува ново поглавје. Се надевам дека пошарено, повесело и со многу љубов за сите нас, 2 декември стана најважниот датум во мојот живот од пред две години. Затоа започнуваме нешто… Едвај чекам да видите што! Бидете со мене!“, напиша Марија.

Пејачката призна дека периодот зад неа бил многу емотивен:

„Зад мене беше емотивно предизвикувачки период. И сите различно се сеќаваме, различно страдаме, различно се лекуваме. Морав малку да се изолирам, опкружена со луѓе што ги сакам за да бидам добро. И го направив тоа. Мојот татко беше важна, до неодамна најважната машка фигура во мојот живот“, рече таа.

Share
Scroll to Top