Марија Шерифовиќ ужива во прошетката со синот во Лос Анџелес

Марија Шерифовиќ ужива во прошетката со синот во Лос Анџелес

пред 9 месеци





Марија Шерифовиќ во петокот ги изненади своите фанови со веста дека стана мајка на момчето Марио кое го роди сурогат мајка во болница во Лос Анџелес.

Српската пејачка на „Инстаграм“ се пофали дека го искористила сончевиот ден и го прошетала синот низ улиците на Лос Анџелес. На видеото се гледа како таа турка количка по улица, а додаде и емотикон со сино срце.

Пејачката објасни како во неколку наврати се обидела да стане мајка, но не можела да ја поднесе бременоста, поради што на крајот се одлучила за сурогат мајка со која ги поминала сите предизвици на бременоста. Инаку, Шерифовиќ не сака да открие кој е таткото поради договорот за приватност, но рече дека нејзиниот син ќе знае се за тоа кога ќе дојде време.






Share
Scroll to Top