Мартинијан Кириловски: Поддршката од публиката на „Бисер Јадрана 2026“ ми значи повеќе од која било награда

Мартинијан Кириловски: Поддршката од публиката на „Бисер Јадрана 2026“ ми значи повеќе од која било награда

пред 6 часа

Македонскиот пејач Мартинијан Кириловски сè уште ги сумира впечатоците од настапот на престижниот музички фестивал „Бисер Јадрана 2026“, кој се одржа во Тиват, Црна Гора, каде што настапи со својата нова песна „Сирена“.

По настапот, Кириловски преку социјалните мрежи им се обрати на своите обожаватели, заблагодарувајќи им се за големата поддршка, честитките и бројните позитивни пораки што ги добил.

https://www.facebook.com/share/p/1GohLQmX5n/

„Сè уште сум под силни импресии од настапот на фестивалот „Бисер Јадрана 2026“ во Тиват, Црна Гора со мојата нова песна „Сирена“.

Од срце ви благодарам за огромната поддршка, за сите честитки, пораки и прекрасни зборови што ми ги испративте. Вашата љубов и доверба ми значат повеќе од било каква награда“, напиша Кириловски.

Пејачот истакна дека за него претставувало голема чест што ја претставувал Македонија на оваа значајна музичка сцена, додавајќи дека е особено горд што добил бројни пораки од луѓе кои сметаат дека достојно и со срце ја претставил својата земја.

„Горд сум што имав чест да ја претставувам Македонија на оваа голема музичка сцена и уште погорд сум што многумина од вас ми напишаа дека достојно и со срце ја претставив нашата земја“, порача тој.

Кириловски најави дека ова е само почеток на неговите нови музички предизвици и вети дека ќе продолжи уште понапорно да работи за секој негов следен настап да биде уште подобар.

„Ветувам дека ова е само почеток и дека ќе продолжам да работам уште повеќе, за секој следен настап да биде уште подобар“, истакна пејачот.

На крајот, тој откри дека наскоро на YouTube ќе бидат објавени и неговиот настап, како и целосната верзија на песната „Сирена“, уште еднаш упатувајќи искрена благодарност до сите што го поддржуваат.

„Ви благодарам од срце!“, напиша Мартинијан Кириловски.

Share
Scroll to Top