Масимо пееше болен на концертот на кариерата: „Никогаш не сум имал толкав страв од сцената“

Масимо пееше болен на концертот на кариерата: „Никогаш не сум имал толкав страв од сцената“

пред 16 часа

На денешен ден пред две години почина Масимо Савиќ. Имаше 60 години. Веста која го потресе регионот ја соопшти неговото семејство.

„По кратка, но херојска борба, нè напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Засекогаш ќе бидеме твоите девојки, Ени и Мирна“, објавија неговата сопруга и ќерка на неговата официјална страница.

На почетокот на ноември 2022 година, Масимо одржа концерт на својата кариера во преполната загребска Арена. Тој ги испеа своите најубави песни на илјадници луѓе.

„Никогаш не сум имал толкава нервоза на концерт, никогаш“, рече тој за време на концертот.

Тој им пееше на обожавателите три часа – и беше болен. Тогаш никој на концертот не знаеше дека Масимо се бори со рак на белите дробови. Медицинска помош го чекала зад сцената, објавија хрватските медиуми.

Една година подоцна, во чест на Масимо, неговиот животен концерт во загребската Арена беше прикажан во кината Синестар низ регионот.

Share
Scroll to Top