Наградата за животно дело на Порин во Хрватска постхумно ќе му биде доделена на Масим Савиќ, одлучил Управниот одбор на Порин.
„Порин за животно дело се доделува на оние уметници кои со својот труд, успеси и награди ја оставиле печат во хрватската музика, влегле во историјата и директно придонеле за културата. Се доделува на оние кои оставиле незаборавен белег, вокали кои се паметат, интерпретации кои се засекогаш врежани во меморија на публиката. Врска со публиката, харизма, талент кој ретко се раѓа. Еден од нив беше Масимо“, се вели во соопштението во кое Управниот одбор на Порин.
Импресивен е бројот на музичките награди на Порин што ги освоил во својот живот, а најмногу освоил во категоријата за најдобра машка вокална изведба, дури десет од нив.