Мајкл Џеј Фокс одбил улога во филмот „Дух“ со Патрик Свејзи

Мајкл Џеј Фокс одбил улога во филмот „Дух“ со Патрик Свејзи

пред 1 година

Глумецот Мајкл Џеј Фокс ја изненади Вупи Голдберг кога ѝ откри дека ја одбил улогата во познатиот филм „Дух“ во кој и таа играше. За потсетување во филмот глумеа Патрик Свејзи и Деми Мур, поточно парот Сем и Моли чија романса ќе пропадне кога тој ќе биде убиен како дел од криминален заговор.

Сем останува на Земјата како дух и се обидува да ја заштити Моли од бунтовниците со помош на лажен јасновидец кој го игра Вупи, кој доби Оскар за улогата. Во емисијата The View, Мајкл Џеј Фокс, кој е роден речиси една деценија по Патрик, рече дека и тој добивал понуди за филмот „Дух“.

Имаше шанса да работам со тебе, но ја пропуштив“, рече Фокс и додаде дека кога му била дадена понудата им одговорил дека филмот никогаш нема да успее.

Фокс, стана голема филмска ѕвезда во 1980-тите и рече дека филмот „Дух“ „бил одличен, а тој бил идиот што одбил да игра во него, пренесе „Дејли мејл“.

Share
Scroll to Top