Мел С откри која од „Спајс Грлс“ била најлудо вљубена во момчиња: „Таа беше најпопуларна кај машката публика“

Мел С откри која од „Спајс Грлс“ била најлудо вљубена во момчиња: „Таа беше најпопуларна кај машката публика“

пред 9 часа

Поранешната членка на легендарната поп-група „Спајс Грлс“, Melanie Chisholm, откри интересни детали од деновите кога бендот владееше со светската музичка сцена во 90-тите години.

Во гостување во емисијата „Cosmopolitan’s Blind Date“, Мел С беше запрашана која членка на групата била најопседната со момчиња во периодот кога „Спајс Грлс“ ја достигна својата најголема слава.

Пејачката без двоумење ја посочи својата колешка Melanie Brown, попозната како „Scary Spice“.

„Би рекла дека таа имаше најголем успех… се обидувам да најдам подобар начин да го кажам тоа“, се пошегувала Мел С, додавајќи дека Мел Б била исклучително популарна.

Во истото интервју, Мел С откри дека токму Мел Б била и личноста која давала најдобри љубовни совети во групата.

„Таа е навистина кул девојка. Не се оптоварува премногу со работите“, изјавила пејачката, пофалувајќи ја својата долгогодишна пријателка.

Покрај љубовните теми, Мел С се потсети и на почетоците на славниот бенд, кога многумина во музичката индустрија не верувале во успехот на женските групи.

„Ни кажуваа дека женските бендови не продаваат албуми како машките. Замислете да им го кажете тоа на Спајс Грлс“, рекла таа низ смеа.

Пејачката додала дека токму ваквите коментари уште повеќе ги мотивирале.

„Рековме: ‘Нема шанси!’ Излеговме и бевме решени да им докажеме на сите дека грешат“, истакнала Мел С.

Покрај Мел С и Мел Б, групата ја сочинуваа и Emma Bunton, Victoria Beckham и Geri Halliwell.

Иако поминаа речиси три децении од нивниот глобален пробив, интересот за можен камбек на бендот не стивнува. Најгласна во желбата за повторно обединување останува токму Мел Б.

Во март годинава таа изјави дека во идеален свет групата веќе би била на светска турнеја по повод 30-годишнината од формирањето.

„Јас секогаш сум таа што вели: ‘Да, ќе одиме на турнеја’. Би сакала повторно да настапуваме и да снимаме музика, но засега тоа не се случува“, призна Мел Б.

И покрај бројните шпекулации, медиумите претходно објавија дека плановите за голема јубилејна турнеја по повод 30 години од „Спајс Грлс“ биле ставени во мирување, оставајќи ги милионите фанови ширум светот да се надеваат дека легендарната петорка сепак еден ден повторно ќе се обедини на сцената.

Share
Scroll to Top