Месечен хороскоп за март: Лавот го чека љубовна авантура, Стрелецот ќе се забавува

Месечен хороскоп за март: Лавот го чека љубовна авантура, Стрелецот ќе се забавува

пред 3 години

Овен
Најмногу искушенија и проблеми овој месец ќе имате со властите и со сите кои се обидуваат да доминираат, било во љубовна врска или на деловен план. Понекогаш тоа ќе бидете вие. Затоа е важно прво да имате добра идеја кој е кој и која е вашата вистинска улога во сè што правите и имате. Имајте го тоа на ум и сè ќе биде полесно. Не присилувајте ништо и дозволете енергиите на месецот да ве водат.

Бик
Додека излегувате и се забавувате, во срцето ќе почувствувате дека љубовта е сè уште далеку од вас. Можно е да создадете низа површни врски. Во основа, ве очекува добра забави, но само неколку ќе успеат да создадат подлабока врска. На работа ќе имате можност да покажете колку сте креативни, па ќе го подобрите она што го работите и ќе оставите добар впечаток кај колегите.

Близнаци
Добро ќе управувате со животот во поголемиот дел од овој месец. Ќе ги проширите вашите хоризонти, ќе го подобрите вашето професионално знаење, ќе започнете нови соработки. Некои ќе патуваат поради работа. Личните односи ќе бидат под контрола, повеќе ќе давате отколку што добивате, но и тоа не е важно. Ќе има малку фрустрација, но ќе имате и сила како да сте двајца. Ќе издржите сè и кон крајот на месецот, кога влегуваме во сезона на Овен, очекувајте обновување на енергиите.

Рак
Одвреме-навреме ќе бидете личноста на која многумина ѝ се додворуваат. Понекогаш тоа ќе ви биде доволно и ќе ви биде мило, но ако сте сами ќе сакате да најдете партнер. Тие што се во врска ќе бидат навистина расположени за љубов и ќе им биде убаво. Поради горенаведеното, месецот ќе ви биде интересен, но и напорен за работа. Одделете ја работата и приватноста колку што можете повеќе.

Лав
Ви претстои месец на истражување и авантура. Ќе имате можност и да излезете и да се забавувате, но ќе бидете малку отсутни. Некои можеби ќе го почувствуваат искушението на тајната љубов. Ќе биде интересно и на работа поради голем број различни теми. Ќе имате можност да покажете колку сте креативни.

Девица
Месецот пред вас ќе биде интересен бидејќи ќе се занимавате со сè по малку. Вашиот ангажман на работа ќе бара поголема експресивност, и презентирање на сопствените идеи. Ќе се занимавате и со финансии. Ќе имате поддршка од угледни луѓе. Личните односи ќе бидат добри. Оние кои сè уште се сами, исто така лесно ќе запознаат потенцијален партнер. Добро ќе комуницирате.

Вага
Овој месец ќе биде малку шарен. Од една страна ќе ви се отворат нови и интересни можности и на деловен и на љубовен план, но од друга страна недостатокот на енергија и правилната иницијатива ќе ве натераат да користите само еден дел од сè понудено. Добар план и штедење се вашите силни страни, па можеби ќе можете да направите повеќе.

Скорпија
Ништо нема да ве спречи на патот кон вашата цел. Цел овој месец ќе бидете полни со самодоверба, а ќе имате доволно сила да ставите сè на дело. Затоа, многумина ќе создадат основа за понатамошен развој на бизнисот. Личните односи ќе бидат квалитетни, а многумина ќе бараат да ја зацврстат постоечката врска.

Стрелец
Богат социјален живот и радост ќе бидат обележјата на овој месец. Многумина ќе излегуваат повеќе од вообичаено, ќе се забавуваат, а повеќето ќе го освежат својот еротски живот. Оние кои се веќе во врски ќе поминат низ вистинска мала ренесанса. Одвреме-навреме ќе покажете борбеност на работа, што не е секогаш типично за вас, но ќе донесе резултати.

Јарец
Ќе употребите посебни зборови за да заведете драга личност. Не е исклучено да биде на патување. Цел месец ќе бидете посветени на партнерот во врската. Од вас ќе се очекува да направите потези за кои долго ќе размислувате. Анализите понекогаш немаат крај. Обидете се повеќе да се потпрете на спонтаноста слушајќи го вашиот внатрешен глас.

Водолија
Силата нема да ве остави во поголемиот дел од овој месец, но ќе бидете изложени на блокади на многу полиња. Со упорност ќе ги надминете пречките. Повремено ќе имате и морални сомнежи. Ќе биде напорен месец. Сепак, вашиот дух и сила ќе ви помогнат да истраете. Некои од колегите ќе побараат совет од вас, па помогнете им.

Риби
Многумина ќе вложат многу енергија за да ја зацврстат својата врска. Некои би можеле да одлучат за официјализирање. Ќе има непредвидени проблеми со деловните партнери на деловен план, но со малку труд сè ќе решите успешно. Системските промени кои неодамна беа воведени ќе заживеат квалитетно, а вие сте дел од нив.

Share
Scroll to Top