Метеорит удри во жена додека пиела кафе

Метеорит удри во жена додека пиела кафе

пред 1 година

Французинка која седела на терасата од својата куќа во селото Ширмец во провинцијата Алзас била погодена во ребрата од фрагмент од метеорит.

Прво слушнала звук на покривот, а потоа почувствувала удар во ребрата.

„Мислев дека е животно, лилјак или парче бетон“, изјавила таа за локалните медиуми.

Сепак, се работи за мало парче карпа кое се одбило од покривот и ја погодило жената, која за среќа се здобила само со модринка. Таа го однела фрагментот кај геологот д-р Тиери Ребман, кој го анализирал и утврдил дека се работи за карпа со вонземско потекло.

Случаите во кои метеорити погодуваат луѓе се исклучително ретки.

„Пронаоѓањето на метеорит е нормално редок случај, а некој да дојде во директен контакт со него или да го погоди е астрономски ретко. Такво нешто не сме виделе со децении“, изјавил д-р Ребман.

Според Метеоролошкото друштво на земјата, само пет метеорити паднале во Франција во 21 век, а последниот во 2015 година бил тежок само 3,12 грама.
Каменот што му го донела настраданата жена, доктор Ребман го идентификувал како вулканска карпа.

„Таквите предмети обично согоруваат во атмосферата и често се нарекуваат ѕвезди кои паѓаат. Меѓутоа, во овој случај, некои од нив останаа, околу 50 грама“, вели тој.

Ребман додава дека овој метеорит не е редок по состав и во него немало ретки материјали. Тој предложил да се направат подетални анализи за да се утврди од каде доаѓа.

Сепак, некои француски медиуми јавуваат дека се доведени во прашање тврдењата на доктор Ребман за вонземско потекло на каменот кој ја погодил жената.

Share
Scroll to Top