Меџити: Базенот во „7 Март“ наскоро се отвора – инвестиција од околу еден милион евра за децата во Чаир

Меџити: Базенот во „7 Март“ наскоро се отвора – инвестиција од околу еден милион евра за децата во Чаир

пред 5 часа

Новиот базен во училиштето „7 Март“ во Чаир наскоро ќе биде отворен, најави градоначалникот и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, по денешниот увид во градежните работи.

Според него, изградбата се одвива со планираната динамика. Проектот, вреден околу еден милион евра, треба да им овозможи на децата да учат пливање, да ги развиваат своите спортски способности и да го негуваат талентот.

„Овој проект го ветивме во кампањата, го вклучивме во програмата и денес го претвораме во реалност. Ги исполнуваме сите ветувања, едно по едно“, истакна Меџити.

Тој посочи дека довербата што ја добиле од граѓаните ја преточуваат во конкретна работа, инвестиции и реализација на проекти за општината.

„Ова е уште едно исполнето ветување. Продолжуваме, затоа што Чаир заслужува уште повеќе“, порача Меџити.

Share
Scroll to Top