Меџити по средбата со Хаџиу: Македонија и Косово имаат силна основа за уште поблиска соработка

Меџити по средбата со Хаџиу: Македонија и Косово имаат силна основа за уште поблиска соработка

пред 3 часа

Добрососедските односи, зајакнувањето на институционалната соработка и иницијативите од заеднички интерес беа во фокусот на средбата меѓу копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу.

Меџити ја пречека Хаџиу во Старата скопска чаршија, оценувајќи ја средбата како потврда на блиските односи меѓу Македонија и Косово.

Тој истакна дека историските, културните и општествените врски меѓу двете земји создаваат основа за развивање заеднички иницијативи. Во разговорот било нагласено значењето на редовната комуникација и континуираниот дијалог меѓу институциите.

„Во текот на разговорот го истакнавме значењето на континуираниот дијалог, зајакнувањето на институционалните односи и унапредувањето на иницијативите од заеднички интерес. Верувам дека блиската соработка меѓу двете земји придонесува за развојот, стабилноста и нашата заедничка иднина“, изјави Меџити.

Тој нагласи дека продлабочувањето на односите останува заеднички приоритет и изрази уверување дека соработката може дополнително да се унапредува преку конкретни иницијативи од взаемен интерес.

Меџити ѝ се заблагодари на Хаџиу за посетата и ѝ посака успех во извршувањето на институционалните должности.

Share
Scroll to Top