Меџити: Со соработка меѓу општината и министерствата до нови инвестиции и развој на Боговиње

Меџити: Со соработка меѓу општината и министерствата до нови инвестиции и развој на Боговиње

пред 1 час

Подобрувањето на инфраструктурата, развојот на туризмот и сточарството, како и создавањето поволни услови за нови инвестиции беа главните теми на работната средба што се одржа во Општина Боговиње, на која се разговараше за актуелните потреби и развојните приоритети на општината.

Домаќин на средбата беше градоначалникот на Боговиње, Фети Абази, а присуствуваа копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Чаир, Изет Меџити, градоначалникот на Тетово, Билал Касами, како и министри, заменици-министри и пратеници од регионот.

Во фокусот на разговорите беа досегашните инвестиции, тековните активности и проектите што општината планира да ги реализира во наредниот период, со посебен акцент на подобрувањето на условите за живот во населените места.

Учесниците разговараа за потребата од унапредување на локалната инфраструктура, искористување на туристичките потенцијали и поддршка на сточарството како значајна стопанска дејност за овој регион.

Посебно внимание беше посветено и на можностите за привлекување нови инвестиции, кои би придонеле за локален економски развој и отворање нови работни места.

Меџити истакна дека ваквите работни средби овозможуваат директна комуникација меѓу претставниците на локалната самоуправа и централните институции, со цел поефикасно утврдување на приоритетите и координирање на активностите за нивна реализација.

„Само со координирана работа меѓу локалната и централната власт можеме да ги придвижиме овие проекти и да одговориме на потребите на граѓаните“, порача Меџити.

Тој нагласи дека соработката меѓу општината и надлежните министерства е особено важна за проектите што бараат институционална поддршка и заедничко планирање.

На средбата беше истакната потребата од континуирана координација за реализација на развојните приоритети на Боговиње, со акцент на инфраструктурното унапредување, економските можности и подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните.

Share
Scroll to Top