Пејачката и глумица Џенифер Лопез во интервју за Apple Music откри за првото раскинување со нејзиниот сопруг Бен Афлек. Таа раскажа како се чувствувала по нивната прв прекин во 2004 година.
„Беше толку болно. Ми се скрши срцето кога се откажавме од венчавката. Искрено се чувствував дека ќе умрам“, рече Џенифер и додаде дека следните 18 години не можела да направи ништо како што треба.
„За среќа, сега 20 години подоцна имаме среќна завршница“, рече пејачката.
За потсетување, двајцата се запознаа во 2001 година на сетот на филмот Gigli во кој и двајцата ги имаа главните улоги. Тогаш беше јасно дека меѓу нив постои хемија, но Лопез во тоа време беше во брак. ГОдина дена подоцна се разведе и започна нова врска со Афлек.






