Михајловиќ диктира нова мода во Италија, на мечот со Наполи тренерот се појави со „џорданки“

Михајловиќ диктира нова мода во Италија, на мечот со Наполи тренерот се појави со „џорданки“

пред 4 години

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, беше главна тема во италијанските медиуми по мечот меѓу Болоња и Наполи. Поразот на неговиот тим беше во сенка на неговиот необичен изглед, за кој сите зборуваа изминатиот викенд во Италија.

Тој се појави во елегантен костум, со неговата препознатлива капа и впечатливите сино-бели „џорданки“. Со елегантната комбинација, Михајловиќ ги воодушеви сите љубители на фудбалот, а италијански „Скај спорт“, имаше посебен прилог само за неговиот стајлинг.

Сите коментираат дека Михајловиќ покренал нова фудбалска мода во Италија.

 

Share
Scroll to Top