Младоженци им испратија фактура од 240 долари на гостите што не им дојдоа на свадбата

Младоженци им испратија фактура од 240 долари на гостите што не им дојдоа на свадбата

пред 3 години

Штотуку венчан брачен пар им подели чекови од 240 долари на сите гости што не се појавиле на нивната венчавка.

„Ви ја испраќаме оваа фактура затоа што го потврдивте вашето пристигнување на венчавката, а бидејќи не нѐ известивте дека нема да дојдете, оваа сума е она што ни го должите бидејќи однапред плативме за вашите места. Кажете ни кој начин на плаќање ви одговара. Благодараме“, напишале сопружниците покрај сметката.

Фотографијата од сметката бргу се прошири на социјалните мрежи, а луѓето на интернет имаат разни мислења.

„Жал ми е што и јас не се сетив на тоа. Јас и мојот сопруг скапо ја плативме храната што подоцна беше фрлена бидејќи гостите не се појавија”, напишал корисник.

„Не знам зошто е толку тешко да им кажете на младенците дека не доаѓате. Ваквите настани се супер скапи, имајте го тоа на ум”, се согласи друг коментатор.

Даг Симонс и Дедра Мекги за The Post раскажале како се одлучиле на овој потег.

„Четири пати прашавме:„ Слободен ли си да дојдеш, ќе дојдеш ли?“ И тие постојано одговораа: „Да“. Моравме да платиме однапред и тие на крајот не се појавија“, објаснил Даг.

Тој додал дека не му е грижа за парите колку што тој и неговата сопруга се чувствувале повредени.

„Мислам дека тоа е израз на непочитување кон нас. На крајот, ние дури и нема да земеме пари од никого, но сакавме да им покажеме дека тоа не е во ред“, рекол тој.

 

Share
Scroll to Top