Модна ревија со фустани од чоколадо и скулптура висока четири метри на саем за чоколадо во Париз

Модна ревија со фустани од чоколадо и скулптура висока четири метри на саем за чоколадо во Париз

пред 2 години

Чоколадна скулптура од четири метри го краси саемот за чоколадо во Париз оваа година, каде слаткари и експерти ги изложуваат своите чоколадни ремек-дела.

Оваа година најголемо внимание годинава привлеклс скулптурата „Чоколаден кристал“ висока и широка четири метри, дело на уметникот слаткар Франсоа Добине.

„Ја правев скулптурата четири недели. Ја употребив 3D моделирање, склопување и колажирање на чоколадо, како и рачна работа од најмалку 48 часа”, изјавил Добине, додавајќи дека за неа биле потребни околу 150 килограми чоколадо.

На саемот, кој трае од 27 октомври до 1 ноември, се одржа модна ревија на чоколадни фустани, со посебен чоколаден модел инспириран од Пако Рабан.

Различни експерти и готвачи за колачи прават чоколадни слатки на старомоден начин.

Годинава во мода е темното чоколадо, направено на традиционален начин без додавање какао путер за вкусот да биде поинтензивен и помалку сладок, со 60 проценти какао.

На саемот беа организирани дегустации и натпревари, а меѓу производителите, покрај Франција, слаткари и производители на какао изложуваа од Бразил, Уганда, Тајланд, Венецуела, Перу и Брегот на Слоновата Коска.

Посетителите можат да видат разни помали скулптури во форма на париски споменици, автомобили, книги, животни и сувенири, како што се чоколадни колачи.

Share
Scroll to Top