Момче со Даунов синдром спаси две девојки од дваење во Италија

Момче со Даунов синдром спаси две девојки од дваење во Италија

пред 1 година

Момче со Даунов синдром по име Валерио Катоја заедно со неговиот татко спасиле давеници од морето каде биле заедно на одмор.

Валерио, заедно со својот татко и помладата сестра, отишле да се одморат на плажа во италијанскиот регион Лацио. Тројцата уживале во мирниот ден покрај морето, кога одеднаш слушнале повици за помош. Две девојчиња на возраст од 10 и 14 години останале заробени и не можеле да излезат на брегот. Тој ден имало бранови, а струјата ги влечела децата длабоко во водата.

Кога Валерио и неговиот татко сфатиле што се случува, скокнале во водата за да ги спасат децата. Таткото го грабнал 14-годишното девојче, а Валерио – 10-годишното.

Кога Валерио и неговиот татко ги извлекле девојчињата на брегот, штотуку пристигнале спасувачите.

Валерио Катоја е роден со Даунов синдром. На 3-годишна возраст, неговите родители одлучиле дека момчето треба да почне да плива за да ја подобри својата сила и издржливост. Како резултат на тоа, Валерио не само што научил да плива, туку и постигнал успех во оваа активност. Се натпреварувал на Специјалната Олимпијада, а завршил и обука за спасување луѓе на море.

Херојскиот чин на Валерио и неговиот татко не поминал не забележан. Министерот за спорт на Италија на Валерио му врачи медал за храброст и спортски дух.

 

Share
Scroll to Top