Македонските музичари, групата „Перија“ и дуото Добрила и Дориан ќе го отворат 21. издание на фестивалот Офффест, што ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар во Скопје. На реномираниот фестивал ќе настапат музичари од три континетнти.
Вториот ден ќе настапат бразилскиот гитарист Лукас Сантана и мајсторот на кора, Балаке Сисоко. Третата вечер ќе се одржи проекција на документарниот филм „Кралевите на румбата“, а концерт ќе има колумбиското инструментално трио „Лос Пирањас“.
Фестивалот го затвораат три концерти и тоа италијанската пејачка Марија Мацота, африканската пејачка Ненси Вјеира и групата од Гана, „Сантрофи“.