На 33 години од тумор на мозокот почина пејачот Том Паркер

На 33 години од тумор на мозокот почина пејачот Том Паркер

пред 2 години

Англискиот пејач Том Паркер, член на групата „Вонтед“ почина вчера на 33 години. На Паркер пред две години му беше дијагностициран тумор на мозокот во терминална фаза. Веста за неговата смрт ја потврди сопругата Келси.

„Нашите срца се скршени. Том беше центарот на нашиот свет и не можеме да го замислиме животот без неговото заразно смеење и енергична присутност“, напиша таа. Келси и Том имаа две деца, ќерката Аурелија Роуз и синот Боди Томас.

Паркер дозна дека има тумор на мозокот во 2020 година. Тогаш преку инстаграм-порака објави дека туморот не може да се оперира и дека лекарите му даваат 12 до 18 месеци живот.

„Не ја сакаме вашата тага, туку само љубов и позитивност и заедно ќе ја подигнеме свеста за оваа страшна болест и ќе ги побараме сите достапни можности за лекување. Ќе биде тешка битка, но со сечија љубов и поддршка ќе го победиме ова“, напиша тогаш Том.

Share
Scroll to Top