Српската глумица Снежана Никшиќ почина синоќа на 79 години во Белград. Таа почина по долгата и тешка битка со болеста. Тажната вест ја објавија нејзинтие колеги, а како што пренесоа тамошните медиуми, таа почина во болница.
Никшиќ е позната по бројните улоги. На неполни 18 години на сцената на Југословенскиот драмски театар во Белград ја играла главната улога во претставата „Кроток“, од Фјодор Михајлович Достоевски. Во својата кариера има повеќе од 40 филмски и телевизиски улоги.
Таа му беше сопруга на глумецот Љубо Тадиќ, кој во едно од неговите интервјуа призна дека таа му помогнала да се извлече од пеколот. Двајцата се запознале во седумдесетите години, кога таа почнувала со глумата, додека Тадиќ веќе бил познат глумец.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Мадона најави концертна турнеја со најголемите хитови
Русија ги стави Бен Стилер и Шон Пен на црната листа
Мадона сака средба со папата
(Видео) Дани и Николче во џез варијанта ја преработија „Дејгиди, луди млади години“
Хороскоп за 25 јануари: Стрелецот мора да донесе важни одлуки, Рибите ќе ја покажат романтичната страна
Уапсен српскиот фолк пејач Џани
