На Исланд има музеј на пениси најдолгиот експонат е 170 сантиметри

На Исланд има музеј на пениси најдолгиот експонат е 170 сантиметри

пред 2 години

На Исланд има музеј на пениси. Станува збор за Исландскиот фалолошки музеј кој се наоѓа во Рејкјавик, каде детално се занимаваат со половите органи на бројни машки суштества, од китови, преку разни животни, па се до луѓето.

Сè започна во 1974 година како приватна колекција на Сигурдур Хјартсон, наставник во училиштето. Неговите пријатели почнале да носат примероци од пениси, а Хјартсон се заинтересирал за техниките на зачувување на примероците. На Хјартсон ова му прераснало во хоби, а бројот на видови се зголемил и до 1997 година неговата колекција имала вкупно 62 примероци. Неговата цел била да собере по еден примерок од секој вид што живее во Исланд.

Овој музеј е веројатно единствениот од ваков вид во светот каде што може да се најдете колекција на фалуси од сите цицачи кои живеат на Исланд.

Збирката на музејот вклучува над 200 пениси и делови од машки гениталии од суштества кои живеат во Исланд, вклучувајќи китови, моржови и луѓе, а најдолгиот експонат е 170 сантиметри.

Овој музеј е толку познат и ценет што неколку мажи дури и ги оставиле своите пениси во музејот откако ќе починат. Еден од нив е Американец, кој има истетовирано ѕвезда и линии на пенисот, и сака да го донира додека е жив.

Заедно со човечките експонати, музејот сега има вкупно 276 пениси од различни видови. Музејот е важен дел од туристичката понуда, а во текот на летото го посетуваат стотици луѓе.

Share
Scroll to Top