По шлаканицата од Вил Смит на доделувањето на Оскарите, Крис Рок ќе заработи повеќе од два милиони долари, со оглед дека ја распродал својата турнеја, а како што наведува британскиот „The Sun“, многумина се борат за неговото прво интервју по инцидентот.
Комичарот бил преплавен со значителни парични понуди за неговото прво интервју, а Опра Винфри и Елен Деџенерис и двете ги предложиле своите емисии за првите коментари на Крис.
Интервјуто не е единствената работа која би можела да му донесе заработка, а според „The Sun“, картите за стендап шоуто на комичарот се најбарани во последните неколку денови.
Наводите за неговото решавање на ситуацијата ‘со таква грациозност и сталоженост’ допринеле за неговата популарност и заради тоа заработува значителни износи.
Неговата турнеја е распродадена месеци однапред, а додал уште датуми благодарение на зголемената побарувачка.
Моментот кога Смит му удри шлаканица на Крис, откако се пошегува на сметка на сопругата на актерот, Џејда Пинкет Смит, стана најшокантниот момент во историјата на престижните доделувања.