На Леклер му украле часовник од рака додека делел автограми

На Леклер му украле часовник од рака додека делел автограми

пред 3 години

Возачот на Формула 1, Шарл Леклер, е ограбен во Тоскана, откако од рака му украле часовник вреден 320.000 евра додека делел автограми. Инцидентот се случил на патеката во Имола, каде што викендов ќе се вози трка од Ф1 шампионатот.

Според италијанските медиуми, голем број навивачи го опколиле Леклер, и додека возачот на Ферари давал автограми и се сликал со публиката, некој од толпата му го зел скапоцениот часовник од раката.

Полицијата во Тоскана веднаш почна истрага за случајот, но крадецот сè уште не е пронајден.

Share
Scroll to Top