На поранешната сопруга морал да и плати 6300 евра, за петте години брак што го перела

На поранешната сопруга морал да и плати 6300 евра, за петте години брак што го перела

пред 5 години

Судот за разводи во Пекинг, му наредил на еден маж да и исплати на поранешната сопруга, 50.000 јуни, односно околу 7700 долари, односно 6300 евра, за петте години што таа работела за него, а тој не и плаќал, пренесува „Би-би-си“.

Случајот предизвика голема расправа на социјалните мрежи за вредноста на домашната работа, а некои велат дека износот бил премал. Пресудата била донесена откако Кина воведе нов граѓански закон. Според судските записи, мажо кој бил идентификуван по неговото презиме Чен, поднел барање за развод минатата година од неговата сопруга, која се презива Ванг.

Тие се венчале во 2015 година. Таа не сакала да се разведе на почетокот, а подоцна откако веќе тој решил да се раздели од неа, му побарала парична надокнада. Таа тврдела дека Чин никогаш не работел домашни задачи и дека не се грижел за нивниот син.

Пекиншкиот окружен суд во Фангшан, пресудил во нејзина корист, наредувајќи му на Чин, да и плаќа месечна алиментација од 2000 јуни, како и еднократна парична казна од 50.000 јуани, за домашните работи кои таа ги извршувала додека биле заедно.

Пресудата била донесена според новиот граѓански закон, кој стапил на сила оваа година. Според новиот закон, еден од сопружниците има право да побара надокнада за време на разводот, ако сноси поголема одговорност во воспитувањето на децата, грижата за постарите родители и давање помош на партнерите во работата.

Претходно, сопружниците кои се разведувале, можеле да побараат таква надокнада, само ако претходно бил потпишан предбрачен договор, нешто што е невообичаена пракса во Кина.

 

Share
Scroll to Top