Бебе родено на Филипини е осуммилијардитиот жител на Земјата, пренесоа светските агенции. Според проценките на ОН, во светот сега има над осум милијарди луѓе, а девојчето родено во Манила е избрано да биде симбол на оваа бројка.
Девојчето Винис Мабансаг се роди во Меморијалната болница „Хозе Фабела“ во Тондо, а слики од бебето освен што објавија медиумите, се споделуваат и на социјалните мрежи.
„Штотуку бевме сведоци на осум милијардитото бебе во светот, а се роди на Филипините. Нејзиното раѓање го чекавме околу два часа, стигнавме во 23:00 часот, а бебето се роди во 1:29 часот со нормално породување“, рече д-р. Ромео Битуин, главен лекар на болницата.
Според д-р Битуин, и бебето и мајката се чувствуваат одлично.