Рускиот опозиционер Алексеј Навални од затворот е префрлен во болница заради лечење од можна респираторна инфекција. Тој е тестиран дали има коронавирус, јавува весникот „Известија“, повикувајќи се на извори од затворската управа.
Навални имал температура од 38.1 степени и силна кашлица. Тој заедно со уште тројца други затвореници, од вкупно петнаесет од неговото одделение, во затворот во регионот Владимир, биле хоспитализирани затоа што одговорните се сомневале дека имаат туберколоза.

За потсетување, Навални се наоѓа на отслужување затворска казна, а неодамна почна и штрајк со глад, заради тоа што наводно не добивал адекватна медицинска нега.

Рускиот опозиционер преку својот адвокат со денови се жалел на болки во градите и нозете и ги обвинуваше властите дека одбиваат да му дадат соодветна лекарска нега, пренесува „Ројтерс“. Руските власти подоцна ги негираат ваквите негови обвинувања.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Хирурзи повторно му ја прикачија главата за вратот на момче по страшна несреќа
Хороскопски знаци што ги очекува брак и пари во 2023 година
Банана торта која можете да ја направите за 15 минути
Во банка уште не ни веруваат дека сме добиле пола милион долари: Интервју со македонските студенти кои добија инвестиција за нивната маркетинг алатка за Редит
Се разделија Џенифер Лопез и Алекс Родригез
Јапонскиот премиер се извини за скапите вечери на кои трошел неговиот син
