Навигацијата ќе го чинела живот, прво го насочила на пешачка зона, а потоа возел по скали

Навигацијата ќе го чинела живот, прво го насочила на пешачка зона, а потоа возел по скали

пред 4 години

Навигацијата со ГПС на возачите може да им е од голема корист, но во некои случаи не е добро целосно да ѝ се доверите. Најдобар пример за тоа е 25 годишен возач на „Опел“ од Германија, кој на 2 септември, следејќи ги упатствата на ГПС завршил возејќи по скали.

dobivaj vesti na viber

Немилиот настан се случил во Мертесдроф, на обиколницата кон Максиминервег, подрачје означено како пешачка зона. На крајот возачот завршил возејќи по скали. Вели дека предоцна ги забележал и дека не стигнал навреме да закочи.

Автомобилот самиот запрел на скалите и заглавил меѓу столбовите, пренесе Fenix magazin. Одма потоа била повикана шлеп служба, која го извлекла. За среќа никој не е повреден и само е настаната материјална штета.

Share
Scroll to Top