post-image

Напивка од брусница ги чисти отровите од телото

пред 2 години

Брусницата е силен антиоксиданс, богат со витамин Ц, минерали, органски киселини, шеќери и растителни влакна. Хипуричната киселина што се наоѓа во брусницата, пак, е еден од најдобрите природни антибиотици. Сокот од брусница со ѓумбир и цимет, велат нутриционистите, помага да се исчисти телото од отрови.

dobivaj vesti na viber

Потребни состојки:

2 литра вода од брусница
половина лажица мелен цимет
1/4 лажица ситно рендан ѓумбир
1/4 лажица морски оревчиња
половина шолја свежо цеден сок од портокал
1/4 шолја свежо цеден сок од лимон

Начин на подготовка:

Водата од брусница ставете ја да проврие, намалете ја температурата, па додадете ги зачините. Гответе на тивок оган уште 15 минути по додавањето на зачините. Потоа оставете ја течноста да се олади на собна температура. На изладената течност додадете ѝ ги соковите од портокал и лимон и ставете ја во фрижидер да се лади. Се пие една недела.

За детоксикацијата да има вистински ефект, неопходно е да го промените режимот на исхрана на само седум дена. Јадете што повеќе овошје и зеленчук, пијте многу вода. Потоа постепено вратете се на вообичаената исхрана.

Share
Scroll to Top