Направил ДНК тест ѝ открил дека не е биолошки татко на ќерка му, а сопругата се колне дека не го изневерила

Направил ДНК тест ѝ открил дека не е биолошки татко на ќерка му, а сопругата се колне дека не го изневерила

пред 2 години

Жена на социјалната мрежа „Редит“ ја раскажала својата приказна, за која вели целосно ѝ го проминл животот. Таа вели дека неверствата во денешно време се толку чести, што понекогаш е тешко да се поверува дека сè уште има луѓе кои им се верни на партнерите.

„Пример за тоа сум јас. Целиот живот мѝ се сврте наопаку, откако сопругот го направи ДНК тестот“, рече таа.

Тестот покажал дека тој не е биолошки татко на нивната ќерка. Тогаш почнале да се комплицираат работите, затоа што таа тврдела ѝ му се колнела дека никогаш не го изневерила.

Анонимната жена на „Редит“ откри дека сопругот се сомневал дека ќерка му не е негова, па затоа одлучил да го направи тестот, кој покажал дека бил во право. Логично, тој изгубил доверба во неа ѝ ја обвинил дека го изневерила.

„Никогаш го немав изневерено. Тој сега мисли дека нашата врска е лага и сака да се разведеме. Не знам како дојде до ова, но, цел ден не престанувам да плачам. Никогаш го немам изневерено. Го сакам мојот сопруг, заедно сме од деновите од колеџ, тој е љубовта на мојот живот. Згоден е и љубезен. Покрај него, спиев со уште два мажи во животот, но, тоа се случи пред нашата врска. Не постои друг потенцијален татко на нашата ќерка. Кога забременив, бевме веќе венчани и активно работевме на бебето“, напиша жената.

Таа додаде дека не знае што направил како што го нарече глупавиот тест, затоа што никогаш не го измала изневерено, но резултатите стигнале и сега тој е убеден дека не е таткото.

„Не знам како да го убедам дека тестот е грешен, се плашам“, рече таа.

Жената раскажа дека сопругот во последните неколку месеци се однесувал поинаку од до тогаш и дека постојано ја обвинувал дека го изневерила, па одлучила да ја докаже невиноста правејќи уште неколку тестови. И тогаш работите уште повеќе се искомплицирале.

„Направивме уште неколку тестови. Тоа се тестови за крв, за него, мене и нашата ќерка. Имавме закажан состанок со експерт за химеризам (химерата е организам составен од клетки кои имаат повеќе од еден различен генотип), но, тоа беше откажано бидејќи, како што и некои претпоставија ќерка ми, биолошки не е ни моја.

„Не знам како дошло до тоа, но сега ја тужиме болницата во која се породив. Не знам што се случило со моето бебе. Ова е страшно. Сопругот ми се врати, но светот ми се сврте наопаку сега. Посакувам никогаш да не го направевше тестот“, вели жената.

Таа додаде дека се плаши дека ќе ѝ ја земат ќерка ѝ, но истовремено сака да знае каде се наоѓа нејзината биолошка ќерка и дали е добро.

Голем број фанови ѝ коментираа зачудени како може да биде направена ваква грешка.

„Па како е ова можно? Ваков расплет не очекував ни за милион години. Ова е сличен случај на вонтелесно оплодување. Мајките родиле од ембрион од дружи жени“, ѝ напишале тие во коментарите.

Share
Scroll to Top