Напуштен аеродром во Атина ќе се претвори во огромен парк со 31.000 дрвја

Напуштен аеродром во Атина ќе се претвори во огромен парк со 31.000 дрвја

пред 1 година

Меѓународниот аеродром „Елиникон“ во Атина, кој е напуштен 21 година, наскоро ќе се претвори во огромен крајбрежен парк, со 31.000 дрвја и повеќе од три милиони други растенија, соопштија градските власти.

dobivaj vesti na viber

Проектот ќе почне да се реализира следната година. Со тоа овој простор од 2,4 квадратни километри ќе добие нов живот, но ќе ја зајакне и климатската отпорност на главниот град на Грција.

„Жителите на Атина повеќе од 20 години ги фрустрираше фактот дека ова важно јавно земјиште беше празен простор“, изјави Мајкл Гав, архитект од бостонското студио „Сасаки“, кое го дизајнираше проектот.

Дел од историјата ќе биде зачуван, како терминалот од 1960-тите, проектиран од славниот фински архитект Еро Саринен. Се проценува дека изградбата на паркот ќе чини осум милијарди долари, а првата фаза треба да биде завршена до 2026 година.

Атина веќе ги чувствува последиците на климатските промени и се проценува дека до 2050 година ќе биде изложена на некои од најлошите суши и жешки бранови. Ова може да се ублажи со зелени површини, чиј моментален недостиг е голем проблем за Атина, која е меѓу петте престолнини во ЕУ со најслаба покриеност со дрвја.

Share
Scroll to Top