Најпопуларниот британски шоумен Греам Нортон ќе биде водител на Евросонг во Ливерпул

Најпопуларниот британски шоумен Греам Нортон ќе биде водител на Евросонг во Ливерпул

пред 2 години

Најпопуларниот британски шоумен и водител, Греам Нортон, ќе биде еден од четворицата водители на годинашниот Евросонг што ќе се одржи во Ливерпул. Организаторите денес ги објавија имињата на водителите, па освен Нортон, на сцената на Евросонг ќе се појават и Хана Ведингхам, Џулија Санина и Алеша Диксон.

Хана е глумица, наградена со Еми за улогата во серијата „Тед Ласо“, а глумела и во „Игра а тронови“ и „Хокус покус 2“.

Џулија беше финалист на шоуто „Танц со ѕвездите Украина“, а била и судија украинскиот „Икс фактор“. Со својот бенд „Хардкис“ во 2016 година се натпреваруваше во домашниот избор за Евросонг во Украина.

Алиша е позната водителка во „Би-би-си“, и поранешна членка на познатиот бенд „Мистик“.

Евросонг во Ливерпул ќе се одржува од 9 до 13 мај.

Share
Scroll to Top