Крис Еванс, глумецот кој неодамна беше прогласен за најсекси маж во светот за 2022 година, е во врска со 16 години помладата глумица од Португалија, Алба Баптиста. Двајцата се заедно веќе повеќе од година дена.
Деновиве папараците ги снимија додека се шетаа низ Централ Парк во Њујорк. Еванс на себе носеше капа, очила и маичка со кратки ракави додека глумицата беше во црвени хулахопки и ролка.
Носеше и очила и маска на лицето. Извор блиски до нив тврдат дека врската им е сериозна. Крис вели дека тоа што е 16 години постар од неа, го гледа како предност за него.
„Поминуваш многу време и учиш што може да ти биде од помош, а што не. Препознав во што треба да се подобра и на тој начин функционирам. Знам кога да речем прости, а тоа е многу важно за одржување на здрава врска“, рече Крис.