Најтрофејниот италијански клуб, Јувентус, е пред банкрот, пренесуваат медиумите. Пандемијата со коронавирусот минатата сезона предизвика големи губитоци поради празните трибини и енормните примања на сега веќе екс-играчот, Кристијано Роналдо.
Ова го покажало официјалниот финансиски извештај на клубот. Само година претходно, овој минус изнесувал 89,7 милиони евра, па нето финансискиот долг на „старата дама“ во овој момент изнесува 389,2 милиони евра.
Претседателот Андреа Ањели е под голем притисок и има закажано собир на акционерите за 29 октомври. Како што пренесуваат италијанските медиуми, засега не е исклучена и можноста за негово заминување од позицијата прв човек на клубот.